Prevod na makedonski Valentina Gjorgievska Pargo.
Имено, во оваа, со силен приповеднички стил пи шувана книга, која се состои од кратки приказни – поточно речено, сликички од животот – записи и филозофски размислувања, нема да пронајдеме ниеден, за белетристичка проза така типичен заплет; сè што ќе пронајдеме во неа, се кратки глетки без пролог и епилог, оттргнати од животот; нефалсификувани и ненашминкани фрагменти, кој животот го прикажува онаков каков и е – без обзир дали се работи за стварност или не. Стварност или фикција, лондон или не кое зафрлено катче на банатската рамнина, седумде сеттите години или сегашницата – сите граници овде се бришат и сè се стапа во една безвременска цели на, чиј дел сме и ние. Така доаѓа до обострани размени, каде читателот ја чита книгата, а книгата читателот , бидејќи како што во текстот нема јунаци или настани со кои читателот може да се идентификува, истиот тој текст се идентификува со читателот, правејќи го него настани „јунакот“!
Јохан Лавунди
Со искуствената зрелост и емоционалната сила, во шеесет четири литературно недефинирани тек стови, со рефлексија ја допира: верноста, љубомората, противречноста на пишувањето за љубовта, неподготвеноста, љубовта и разбирањето, за младешка љубов, за љубов која растура, заминувањата… Социолошкото согледување по некогаш на збунетиот, по некогаш на освестениот, на заљубениот, но во секој миг на искрениот и поштен, со самокритично срце, авторот се занимава со проблематиката на комуникацијата меѓу луѓето, но и со внатрешната комуникација со самиот себеси. Поради тоа се напишано во оваа книга потсетува на некој вид мал личен дневник, пишуван поради себе самиот, а објавен поради другите. Преиспитувањето ни следи неминовно: пред себе или пред Господа.
М-р проф. Снежана Алексиќ Станојловиќ